понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Откриена замена на бебиња од пред 20 години во Црна Гора: Родителите бараат милионска отштета

Откриена замена на бебиња од пред 20 години во Црна Гора: Родителите бараат милионска отштета

Семејство од црногорското приморје случајно открило дека пред две децении нивното бебе било заменето со друго во породилното одделение на Општата болница во Котор.

Нивното вистинско дете отишло во рацете на семејство што исто така живее на приморјето на Црна Гора. Случајот добива судски епилог, објави „Дан“, повикувајќи се на извори од которската болница.

Весникот од Подгорица објави дека двете семејства чии бебиња биле заменети пред 20 години во Котор, се од Будва и Херцег Нови.

Доктор Иван Илиќ, директор на болницата, изјави дека во тек е судски спор за утврдување на замената во породилното одделение.

-По налог на судот е гарантирана тајност на податоците, така што сме обврзани да се придржуваме до таа одлука на судот и не можеме да објавиме било какви информации во врска со тој спор, одговори директорот на болницата.

Весникот објави и дека поради грешката на болницата, оштетените семејства наводно бараат милионски надомест.