Британскиот сој на коронавирусот е потврден денес кај три лица во Хрватска, а меѓу нив е и тригодишно дете. Примероците беа секвенцирани во Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“.
-Детето имаше висока температура, повраќање и дијареја – рече директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб, д-р Алемка Маркотиќ.
Таа додаде дека родителите на детето се со позитивен тест на британски сој САРС-КоВ-2.
Научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија го идентификуваа редоследот на симптомите кои ја придружуваат инфекцијата со видот Кент, односно британскиот сој на коронавирусот, и како тие се развиваат.
Нивните откритија укажуваат дека симптомите се во следниот редослед:
Треска
Кашлица и болки во мускулите
Гадење и повраќање
Дијареа
Британскиот министер за здравство изјави дека Кент-сојот на коронавирусот е позаразен од претходните.