среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пленковиќ ја прифати оставката на Крстичевиќ

Пленковиќ ја прифати оставката на Крстичевиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, иако не го смета за виновен.

– Вакви несреќи се случуваат. Жалам што тој се чувствува така. Го почитувам, ја прифатив неговата оставка. Нема да предложам нов министер за одбрана затоа што Владата е при крај, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека Крстичевиќ детално го информирал за околностите под кои се случила вчерашната несреќа на воениот авион кај Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

Парламентарните избори во Хрватска треба да се одржат во јули, а Пленковиќ рече дека и натаму ќе смета на соработката со Крстичевиќ.