Денешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени со епицентар во Јадранското море и најблиску до Албанија, предизвика вистинска вознемиреност кај граѓаните на западниот сосед, а истиот од самата јачина беше почуствуван и во Македонија.
Земјотресот вистинска паника предизвика во Тирана, при што ги натера жителите на градот да ги напуштат своите домови и да излезат надвор. Според Сезмолошката опсервација, во наредниот период се очекуваат и нови потреси.
Инаку, земјотресот беше почуствуван во цела Албанија, па и речиси во цела Македонија, така што при известувањето на една водителка на една албанска национална телевизија се случи вториот и посилен потрес со што се вознемири и самата водителка.
Нејзината реакција можете да ја погледнете подолу во видеото: