На гробиштата во Бајице кај Цетиње денеска беа погребани триесет и петгодишната Наташа Мартиновиќ и нејзините двајца малолетни синови Машан (11) и Марко (8).
Освен семејствата Мартиновиќ и Пејовиќ, што е моминско презиме на несреќната Наташа, од нив се прости и градоначалникот Никола Ѓурашковиќ и бројни граѓани на Цетиње.
Милош Мартиновиќ со трогателна порака се прости од сопругата Наташа и двата сина кои Вук Бориловиќ ги уби на Цетиње.
– Ти благодарам за се што направи за Машан и Марко. Се обиде да ги спасите од олошот што ве уби ни криви ни должни. Цел живот се бореше за нив и сега повторно сте заедно.
Тој во некрологот објавен во весник испрати трогателна порака до неговите синови:
– Ангели мои доаѓам брзо кај вас, чекајте ме, ве сакам.