понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Портпаролката на НАТО го осуди нападот врз ЕУЛЕКС на Косово

Портпаролката на НАТО го осуди нападот врз ЕУЛЕКС на Косово

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску денеска изјави дека Алијансата им се придружува на своите сојузници и на Европската унија во острата осуда за нападот врз извидничката патрола на ЕУЛЕКС во Косово.

„Секој таков напад е неприфатлив и одговорните мора да бидат повикани на одговорност“, напиша Лунгеску на Твитер.

Таа наведува дека мисијата на НАТО во Косово е „исклучително внимателна и целосно способна да го исполни својот мандат“.

„Ги повикуваме сите страни да избегнуваат провокативни акции и реторика и да придонесат за смиреност и стабилност“, напиша Лунгеску.

Главните патишта на северот на Косово од вчера се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени и за возила и за пешаци. Блокадите ги поставија Србите од северот на Косово по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.  (МИА)