четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Посилен земјотрес на северот на Јадранот: Се тресело до Истра

Посилен земјотрес на северот на Јадранот: Се тресело до Истра

Хрватската сеизмолошка служба објави дека денес во 12:56 часот е регистриран прилично силен земјотрес со јачина од 4,2 степени на северот на Јадранот, покрај италијанскиот брег, во близина на Равена.

Земјотресот бил почувствуван и во Истра.

Јачината на земјотресот бил 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил V-VI според скалата ЕМС.