сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Повторно голем пораст на бројот на новозаразени во Хрватска

Повторно голем пораст на бројот на новозаразени во Хрватска

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 265 новозаразени со коронавирус и еден смртен случај од Ковид-19.

Како што беше соопштено на прес-конференцијата на Штабот за цивилна заштита, во Хрватска во моментов има 1.842 активни случаи.

Министерот за здравство Вили Берош изјави дека денешниот број на заразени лица е без екстремни отстапувања од претходните денови.

– Тоа е последица на тоа што Хрватска беше отворена за туризам, оцени хрватскиот министер. (MИА)