На градскиот пазар во босанскиот град Тузла денеска изби голем пожар.
Засега не е познато дали има повредени. Како што пренесуваат босанските медиуми, огнот за кратко време зафатил поголем дел од пазарот.
Во моментов сите противпожарни екипи се на теренот и се обидуваат да го запрат ширењето на огнот.
Според првичните информации, на пожарот му претходдело експлозија на плинска боца.