недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Претседателот на Црна Гора во посета на Хрватска

Претседателот на Црна Гора во посета на Хрватска

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска ќе го прими црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, а главни теми на разговорот ќе бидат решавањето на отворените прашања меѓу двете земји и низа други теми, од позицијата на Хрватите до ЕУ и НАТО, соопшти Кабинетот на Милановиќ.

Тоа е прва посета на претседателот Милатовиќ на Хрватска откако во мај годинава беше избран и положи заклетва за претседател на Црна Гора, а Хрватска е првата членка на Европска Унија која претседателот Милатовиќ официјално ќе ја посети.

Билатералните односи меѓу Хрватска и Црна Гора и можноста за решавање на отворените прашања со договор, позицијата и правата на Хрватите во Црна Гора, продолжувањето на црногорските преговори за членство во ЕУ, сојузничката соработка во рамките на НАТО и политичката ситуација во Југоисточна Европа се главните теми за кои треба да разговараат претседателите Милановиќ и Милатовиќ, се додава во соопштението.

Покрај средбата со претседателот на државата, за време на дводневниот официјален престој во Загреб, Милатовиќ ќе се сретне и со претседателите на Владата и на хрватскиот Сабор.  (МИА)