понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Приштина закитена со знамињата на земјите кои ја поддржуваат косовската војска

Приштина закитена со знамињата на земјите кои ја поддржуваат косовската војска

Главниот град на Косово утрово, пред гласањето во Собранието за формирање на војска на Косово, е закитен со знамињата на земјите кои ја поддржаа државата во тој процес, јави дописникот на МИА од Приштина.

Покрај косовските и бројните американски знамиња, кои беа истакнати уште во средата во центарот на Приштина и долж булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“, од денеска се веат и знамињата на Велика Британија и Германија, државите кои експлицитно го поддржаа формирањето на војската на Косово.

Покрај нив, истакнати се и знамињата на другите две земји од таканаречената „петорка“, Франција и Италија.

Во косовското Собрание во тек е седницата на која се заокружува законската рамка за трансформација на сегашните Безбедносни сили во Војска на Косово.