сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Продолжуваат протестите на косовските Срби против таксите на увозот од Србија

Продолжуваат протестите на косовските Срби против таксите на увозот од Србија

Граѓаните од српска националност во северно Косово одржуваат денеска нов протест против одлуката на Владата на Рамуш Харадинај за воведување такси од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешниот протест, како што информира Игор Симиќ, портпарол на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, ќе се приклучат и кошаркарите на белградски Партизан, кои денеска треба да одиграат пријателски меч со локалниот клуб Трепча.

Од воведувањето на таксите, на 21 ноември, во северниот дел на Косово се одржаа неколку протестни собири, градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население поденсоа оставки, а локалните институции ја прекинаа комуникацијата со централните власти во Приштина.