петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Протест на Србите во северно Косово, КФОР на готовс

Протест на Србите во северно Косово, КФОР на готовс

Единици на меѓународните сили на Косово, КФОР, денеска се распоредени во близина на протестите на косовските Срби, организирани против одлуката на Владата на Рамуш Харадинај за зголемување од 100 отсто на таксите за увоз на производи од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, силите на КФОР се ставени во состојба на зголемена борбена готовност.

Србите во четири места во северниот дел на Косово, во северна Митровица, Зупче, Јариње и Мердаре, денеска протестираа и против апсењето на четворица Срби од страна на специјалните полициски единици утрово во Митровица.

Тројца од уапсените во денешната акција се осомничени за убиството на лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ во јануари годинава, а двајца од нив се припадници на косовската полиција.