четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Прва изјава на Радев после победата на изборите во Бугарија: Не треба да се отстапи од позициите кон Македонија

Прва изјава на Радев после победата на изборите во Бугарија: Не треба да се отстапи од позициите кон Македонија

Новата Влада не треба од отстапи од националните позиции особено кога залогот е бугарскиот идентитет и историја и правата на нашите сонародници зад граница, порача актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев во првата изјава дадена по победата во вториот круг од претседателските избори на кои освои втор мандат.

Инаку, новата бугарска влада најверојатно ќе ја сочинуваат „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија и ,,Има таков народ” на Слави Трифонов. Првенците на сите овие партии изразија подготвеност уште веднаш да почнат преговори за што поскоро да се формира политичка влада, која ќе го замени техничкиот кабинет на Стефан Јанев, предложен од шефот на државата Румен Радев.