Во Полска од новиот коронавирус почина 57-годишна жена, која веќе страдала од сериозни болести, соопшти денеска заменик градоначалникот на Познањ, Једржеј Соларски.
Тој демантираше дека починатата жена работела во образовна институција.
Во Полска досега се потврдени 47 случаи на Ковид-19, 317 се хоспитализирани под сомнение дека се заразени, додека над илјада лица се во домашен карантин.
Во земјата откажани се сите масовни настани, а на две недели затворени се училиштата, факултетите, музеите, театрите и кина.