среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Првата група бегалци од Авганистан пристигна во Приштина – станува збор за седум пати помала бројка

Првата група бегалци од Авганистан пристигна во Приштина – станува збор за седум пати помала бројка

Првата група од 111 бегалци од Авганистан синќа пристигна во Приштина.

Групата веднаш беше испратена на медицински преглед, по што ќе биде вакцинирана против Ковид-19. Според приштинскиот весник Коха, сите биле тестирани за коронавирус и биле негативни.

Авганистанците пристигнаа на аеродромот во Приштина со лет на американското воздухопловство и беа пречекани од косовската претседателка Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и американскиот амбасадор Филип Коснет.

Тие ќе бидат згрижени во поранешниот камп на компанијата Беџтел Енка, сместен во близина на американска воена база во Урошевац