Според ажурираните податоци на Државната изборна комисија на Албанија до 18:21 часот, од вкупно 5199 гласачки кутии избројани се 3147, а од првичните резултати Социјалистичката партија на Еди Рама до сега освоила 48.78% или во гласови 445.412 гласови.
Коаслицијата за промени предводена од Демократската партија на Лулзим Баша освоила 39.32%, односно 359.110 илјади гласови, додека партијата Социјалистичко движење за интеграција 6.91% или во бројки 63.125 гласови.
Во Собранието ќе влези и партијата на контроверзниот политичар Том Доши, Социјалдемократската партија која е единственаса на државно ниво која освоила над 2.16% или 19.763 гласови.
Според овие првични резултати, распределбата по мандати би била следна: Социјалистичка партија на Албанија 75 пратеници, Демократска партија 58 пратеници, Социјалистичко движење за интеграција 5 и Социјалдемократската партија со 2 мандати
Доколку пребројувањето на гласовите продолжи во оваа насока, Еди Рама по трет пат ќе формира нова Влада.