Едно лице е рането утрово при пукотници на магистралниот пат Приштина-Митровица, по што косовската полиција во врска со случајот уапси двајца осомничени, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Утрово околу 10 часот примивме информација за пукотници од огнено оружје на патот Приштина-Митровица. Според причните информации, едно лице е рането и е пренесено во болница, изјави портпарол на приштинската полиција за порталот „Газета Експрес“.
Според него, во врска со случајот полицијата уапсила две лица и запленила две парчиња оружје.