недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама на средба со Мета: Подготвени сме за било кој датум за избори, освен 2 мај – Велигден

Рама на средба со Мета: Подготвени сме за било кој датум за избори, освен 2 мај – Велигден

Албанскиот претседател Илир Мета денеска ги почна консултациите со политичките партии за одредување датум за парламентарните избори што ќе се одржат следната година.

Средбата со лидерот на Социјалистиката партија и актуелен премиер Еди Рама,кој беше прдружуван од генераниот секретар на партијата и коорднатор на пратеничката група,Таулант Бала,траеше многу кусо.

Средбата во живо беше пренесувана на Фејсбук.

-Ве повикав за консултации околу датумот на изборите во рокот утврден со Уставот, за да имаме сеопфатен процес и да ги почитувате сите чувствителности. Во врска со ова, би бил заинтересиран да го слушнам вашето мислење како претставници на СП и мнозинството, рече Мета.

Рама кусо го пренесе ставот на партијата и сојузниците.

-Ние сме подготвени за било кој датум, освен 2 мај, бидејќи тогаш се паѓа православен Велигден, рече Рама,што подразбира дека одлуката за датумот ја остава на Мета.

На претходните средби со лидерите на неколку помали опозициски партии тие го изнеле ставот за што побрзо спроведување на изборите, во согласност со Уставот „зашто земјата се наоѓа во длабока економска и социјална криза“, освен претставникот на Републиканската партија, кој предложил изборите да се одржат на 18 април.

Според Уставот можниот датум за следните избори треба да биде меѓу 15 април и 15 мај 2021 година. (МИА)