петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама: Убеден сум дека Мета ќе се согласи со изборот на Леши за прв полицаец

Рама: Убеден сум дека Мета ќе се согласи со изборот на Леши за прв полицаец

Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека претседателот на Албанија, Илир Мета ќе го потпише указот за именување на Сандер Леши за нов министер за внатрешни работи, кого Владата минатата недела го назначи за заменик министер со надлежности на министер, откако шефот на државата одби да ја потпише уредбата за негово поставување на функцијата.

Рама изјави дека Мета има две алтернативи за да стави потпис на указот и конечно да се заокружи ова прашање.

– На претседателот му се дава можност да побара повлекување на Сандер Леши од секаков вид јавен статус. Или, ако тој не се согласи со тоа, како претседател во рамки на неговите надлежности, може да го отповика Сандер Леши и повторно да потпише указ за него. Активен војник, не може да ја извршува должноста министер, но затоа се откажува од тој статус, во моментот кога е назначен за министер, смета Рама.

Тој додава дека на Мета му се дава можност да избере, бидејќи и двата случаи водат до потпишување на указот за министер.

– Убеден сум дека претседателот ќе го направи потребниот чекор. Она што се случи со неговата одлука да не го потпише указот ќе остане зад нас и претседателот ќе го потпише указот за нов министер за внатрешни работи, рече Рама гостувајќи во телевизиска емисија.

На случајот со именувањето на новиот прв полицаец реагираше и официјален Брисел преку амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, кој изјави дека очекува што поскоро назначување министер за внатрешни работи, бидејќи „тоа така функционира во секоја земја“.