вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

САД против планот на Харадинај: Војска само со промена на Уставот

САД против планот на Харадинај: Војска само со промена на Уставот

Соединетите Американски Држави се спротивставија на планот на Владата на Рамуш Харадинај за трансформација на Безбедносната сила на Косово (ФСК) во Војска на Косово без претходни уставни промени, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Од Амбасадата на САД во Приштина за весникот „Коха Диторе“ изјавиле дека транзицијата не треба да се случи со законски измени, како што најавува Харадинај дека ќе го стори тоа, туку ссамо со промена на Уставот.

Ваквата реакција на Вашингтон уследи вендаш по објавувањето на информацијата дека Владата, во неможност да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство, а пред се поради противењето на пратениците Срби, кои се категорично против формирање војска, планира намерата да ја оствари со законски измени.

Планот на Харадинај предвидува трансформацијата да се изведе во период од 10 години, со постепено подигање на капацитетите на сегашната ФСК.

МИА