понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Сцени од Сараево кои ја замрзнуваат крвта во вените: Возила проголтани од надојдената вода, населението се евакуира со чамци (ФОТО+ВИДЕО)

Сцени од Сараево кои ја замрзнуваат крвта во вените: Возила проголтани од надојдената вода, населението се евакуира со чамци (ФОТО+ВИДЕО)

Од утрово пристигнуваат шокантни сцени од Сараево, кое е под вода поради обилните врнежи. Бројни реки во БиХ се излеаја, Миљачка се заканува да ги поплави улиците, Железница направи хаос во многу области, а од час во час пристигнуваат се повеќе информации.

Состојбата во Илиџа е хаотична. Неколку автомобили се целосно под вода, а модерниот комплекс Sarajevo Waves е поплавен.

Најлоша е состојбата во Отес, каде водата направила големи материјални штети и каде од утрово речиси целата населба нема струја.

Водата, предизвикана од излевањето на Железница, навлезе во многу станбени згради. Спасувачите во моментов го евакуираат населението од оваа населба. Со помош на противпожарни возила и чамци ги префрлаат луѓето на безбедни локации.

Каде што е можно, населението се префрла на повисоките катови од станбените згради, а сите служби се на терен за да им помогнат.

Освен Отес, поплавени се и населбите Влаково, Бутмир и Доњи Которац, а вода има и на многу локални патишта во кантонот Сараево.

Извесен период снема струја во голем дел од градот. Нешто повеќе од половина час граѓаните немаа струја поради дефект на трафостаницата Рељево.