среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се урна Канадер на грчкиот остров Евија

Се урна Канадер на грчкиот остров Евија

Авион од типот Канадер се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а засега не познато дали преживеале.