Над 24 часа трае потрагата на спасувачките екипи и противпожарната служба за пронаоѓање на четири лица на грчкиот остров Крит кои исчезнаа во саботата, откако нивното возило било повлечено од надојдена река, јави дописничката на МИА од Атина.
Рано утрово во потрагата, освен 40 пожарникари, биле вклучени и нуркачи за пронаоѓање на автомобилот и на четворицата исчезнати.
Според локалните медиуми од островот, во автомобилот се наоѓала млада брачна двојка, сестрата на сопругата и нивната мајка, кои во саботата по полноќ се враќале од свадба.
Поради лошите временски услови и обилниот дожд реката покрај патот била надојдена и веројатно го повлекла возилото.