Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ се уште на барикадите. Северот на Косово исто така е блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не е можно ни пеш.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да бидат мирни и да не наседнуваат на провокации. Училиштата на северот на Косово денеска нема да работат.
Дописникот на РТС јавува дека ноќта поминала мирно на северот, но дека северот на покраината се уште е блокиран и од полицијата и од граѓаните.
Иако на барикадите е мирно, тензиите се високи, а граѓаните се загрижени. Србите протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.