Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Тузла во Босна и Херцеговина.
Земјотресот е почувствуван во Зеница и Сребреник. Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри северозападно од Тузла.
– Силно се тресеше, мислев дека ќе пукнат ѕидовите – изјави за Телеграф жител на Сребреник.
Земјотресот е регистриран во 15:17 часот по локално време, а засега нема информации за материјална штета.