петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силувачите на девојче во Косово добија вкупно 40 години затвор

Силувачите на девојче во Косово добија вкупно 40 години затвор

Основниот суд во Приштина денеска ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година, објави РСЕ.

Еден од обвинетите кој е полнолетен е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор.

Малолетниците, освен за силување се осудени и за злоупотреба на деца во порнографија.

Случајот ја потресе целата јавност по што беа организирани протести, а дел од учесниците побараа смртна казна за силувачите.