вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Сине дојди брзо висам над Морава“- Исповед на синот на камионџијата кој ѝ гледаше на смртта во очи

„Сине дојди брзо висам над Морава“- Исповед на синот на камионџијата кој ѝ гледаше на смртта во очи

Ненад Савиќ, син на Миодраг Савиќ кој со часови во кабината од камионот кој го возел, висел над ледената Морава, раскажал што се се случувало вчера на автопатот кај Јагодина.

-Го одвезов татко ми до камионот, со кој требаше од Параќин да тргне на утовар. Десетина минути подоца ме повика и ми рече: Сине брзо доаѓај, имав сообраќајка и висам над Морава. Веднаш отидов таму, а кога видов како камионот ја пробил оградата на мостот и кабината виси над водата, се заледив- раскажал Ненад Савиќ, чиј татко вчера беше спасен од сигурна смрт.

На местото на несреќата брзо стигнала Брза помош, полиција и пожарникари, кои веднаш почнале да прават план како Миодраг да го извлечат од кабината.

-За среќа, беше свесен. Видов дека е исплашен, но дека го држи стравот под контрола. Сепак тој е поранешен пожарникар и не даваше да го совлада паниката. Ниту мене не ми беше сеедно, бидејќи бев свесен дека секој момент нешто може да тргне на лошо. Се трудев да го оттргнам вниманието, го зазборував-прераскажал Ненад.

Тогаш татко му кажал што се случило.

-Патот бил под снег и едноставно се излизгал и изгубил контрола. Имаше лудачка среќа камионот некако да се запре. Уште половина метар да го влечела инерцијата, би завршил во реката. Затоа и ми рече дека Бог го погледнал- завршил синот на камионџијата.

Неговиот татко после 4 часа поминати во ледената кабина успешно беше спасен и пренесен во болница.