вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Синот на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, приклучен на респиратор

Синот на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, приклучен на респиратор
илустрација

Пратеникот од ХДЗ и син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман е заболен од Ковид-19 и во моментов се лекува во хрватската Клиника за инфективни болести д-р Фран Михаљевиќ, пишува Скопје1.мк

Според „Вечерњи лист“, Туѓман со денови се борел со последиците од инфекцијата со Ковид-19 и поминал низ фази на подобрување и влошување на болеста.Неговата сегашна состојба дополнително се влошила, па според „Вечерњи лист“, тој е поврзан на апарати за дишење од неделата. Од болницата велат дека неговата состојба во моментов е стабилна.