Голем број продавници во Словенија се отворија денеска, кои претходно беа затворени за клиенти со месеци, по одлуката на Владата да даде зелено светло за отворање на повеќето деловни активности.
Според владината одлука, сите продавници и компании под 400 квадратни метри можат да се отворат без оглед на тоа што продаваат или каква услуга даваат, а исто така се отворени и агенции за недвижнини, кои не работат со месеци.
Услов за отворање компанија е да се изврши задолжително редовно тестирање на вработените.
Во некои компании, како што се козметички салони, агенции за недвижнини, продавници за миленичиња, покрај вработените, и клиентите ќе мора да имаат негативен тест.
Агенцијата СТА посочува дека постои загриженост во врска со тестирањето, со оглед на тоа што вработените во многу компании ќе бидат тестирани за коронавирус еднаш неделно.
Отворањето на економијата беше поздравено од словенечките бизнисмени, но сепак постои претпазливост за тоа како ќе се организира тестирање за вработените и дали клиентите исто така мора да бидат тестирани.