Словенечките здравствени власти ја следат ситуацијата и ќе предложат соодветни нови мерки, вклучително и затворање на границите, откако во Велика Британија беше потврдена нова, високо заразна варијанта на коронавирус.
Владата ќе донесе одлука за нови мерки на предлог на својата медицинска работна група, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи, а премиерот Јанез Јанша синоќа на Твитер напиша дека Словенија „подготвила мерки за затворање на границите, бидејќи има шанса дека мутираниот вирус е присутен во некои други земји на ЕУ, пренесува СТА.
Агенцијата наведува дека според повеќе извештаи во медиумите, барем еден случај на мутирана варијанта е потврден во Италија, кај маж кој неодамна пристигнал од Велика Британија и сега е во карантин.
Словенија во моментов нема воздушна линија со Велика Британија, а според постојните правила за карантин, по пристигнувањето од Велика Британија се бара негативен тест или лицата мора да бидат во карантин десет дена.