среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА: Судир на македонски камион и автомобил – загина едно лице

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА: Судир на македонски камион и автомобил – загина едно лице
Фото: БТВ

Вчера нешто по 17 часот по бугарско време во сообраќајна несреќа загина едно лице при судир на македонски камион, кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк САСА, и автомобил „опел“ во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Возачот на камионот е полесно повреден, но е надвор од животна опасност.

Несреќата се случила кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Инцидентот, како што објави телевизијата БТВ, на патот Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.

Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен Дол, поради несреќата, бил времено ограничен во двата правци.