Прашањето поврзано со копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земији е меѓу темите што се разгледуваат на видеоконференцискиот состанокот за Ковид-19 на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со министерот за здравство и неговиот заменик, со заменик-министерот за цивилна заштита, со претседателот на Националната организација за јавно здравје како и шефот на експсертската комисија во Министерството за здравство на Грција.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен бифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на копнените граници, односно дали постои размислување за нивно отворање за државјаните на соседите земји, како и во однос на министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија, Албанија и Турција, која истекува утре, рече дека на состанокот во премиерската палата се разгледуваат и овие прашања.
-Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување, рече Пецас.
На 15 јули 2020 година, во Службен весник беше објавена одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство на Грција, што ден подоцна стапи во сила и важи до утре, а се однесува на Македонија, Албанија и на Турција за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања, како и забрана за влез на грчка територија на лица од конкретните земји.
Портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на новинарско прашње, рече дека на состанокот, ќе се разгледа и тековната состојба со коронавирусот во земјата, направените тестови, текот на спроведувањето на мерки, контролите за придржување до правилата и сл.
Пецас на брифингот уште еднаш потсети дека „ова лето е поинакво“ и ги повика граѓание да избегнуваат гужви, да одржуваат растојание и да се придржуваат до упатствата на експертите.
-Ја добивме тешката битка, но не и војната. Ако се опуштиме, ќе го платиме тоа, порача Пецас.
Соопшти дека во текот на вчерашниот ден, надлежните органи направиле 1.178 инспекции за почитување на здрвствените протоколи, констатирале прекршувања во 97 случаи и изрекле 110 казни во висина од 26.200 евра. (МИА)