Италијанската полиција вчера ја уапси Сузана Стаменковиќ (54) поради сомнение дека со кујнски нож го избодела нејзиниот сопруг додека спиел. Обидот за убиство се случи на 9-ти декември во станот во Виа Батера, во областа Пончиана, каде што живееше брачната двојка.
Сопругот на Сузана (60) рекол дека жената го прободела со нож во вратот додека спиел. Иако обилно крварел, успеал да побегне од станот. Иако бил тешко повреден и искрварил, успеал да побегне од третиот кат каде живееле и истрчал на улица повикувајќи помош.
На скалите и оградите до нив се уште се гледаат дамки од крв, како и на подот од влезниот хол во приземјето на станбената зграда каде се случи злосторството.
Полицијата на асфалтот пред зградата пронашла нож на кој имало траги од крв. Се претпоставува дека по нападот сопругот на Сузана успеал да го украде ножот со кој го нападнала и побегнала.
-Тоа се двајца добри луѓе, пиеле повремено, но како и многу други, не претерано. Имале финансиски проблеми бидејќи и двајцата останале без работа. Ги познавам и навистина не можам да објаснам што се случи, рекол еден од соседите.
Кога пристигнала полицијата, човекот бил во шок и изгубил многу крв. Мотивот за нападот ќе биде утврден во текот на истрагата.