Новите сили на косовски полицајци и нивните крстарења по патиштата на северот на Косово и Метохија предизвикуваат немир кај српското население.
Тензиите се речиси опипливи и покрај постигнатиот договор за личните документи и уверувањата на меѓународните посредници дека мирот мора да се зачува и дека Приштина нема да ја повлече едностраната примена на мерката за регистарски таблички.
– Не им веруваме и нема да им веруваме – е неподеленото мислење на Србите во северните косметски општини.
– Доколку Приштина немаше некаков план, немаше да натрупува вооружени специјалци овде.
Соговорниците велат дека понекогаш и две оклопни возила застануваат пред нивните куќи, излегуваат со долги цевки на патот, ги запираат возилата и проверуваат.
– Имаме голема доверба во Владата на Србија, дека ќе не заштити. Немаме каде да одиме оттука. Ние сме овде домородци. Како што Бог ќе мо даде, така ќе биде со нас. Немаме оружје да се браниме, имаме само добра волја и силно срце да му се спротивставиме на окупаторот – вели локалниот жител Сава Вукадиновиќ.
Тој посочува дека „Србите не се напаѓани само од Курти и Албанците, туку и од Америка и Европа“ и додава дека Србите имаат добри односи со Албанците на Косово.
– Политичарите прават се, Англија, Франција, Америка, Германија.
-Почнаа да ни ја прекинуваат струјата, шест часа имаме, два немаме. Постојано поминуваат оклопни возила.
Сава низ солзи вели дека ситуацијата е тешка.
– Тула се децата, внуците… Јас сум единствен со пензија, треба еден месец да се преживее со тоа, тоа имаме. Сакаш да купиш шеќер – немаш, немаш зејтин… Што си посадил во земја, имаш, што не си посадил, немаш.
Заедно со силите што Курти ги испрати на север, во овој дел на Космет зголемено е и присуството на КФОР. На два километри од новата база (тврдина) на специјалните полициски сили кон Лепосавиќ дежураат американски припадници на меѓународната армија. Тие изгледаат речиси незаинтересирани дури и кога автомобилите застануваат на нивниот контролен пункт.