сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Српска Листа реагира на изјавата на Тахири дека ќе има војна ако Србија не го признае Косово

Српска Листа реагира на изјавата на Тахири дека ќе има војна ако Србија не го признае Косово

Српска Листа, коментирајќи ја изјавата на поранешната преговарачка Едита Тахири дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово, денеска оцени дека ѕвечкањето со оружје и повикувањето на судири е најопасната опција.

Според Српска Листа на изјавата на Тахири би требало да реагираат сите политички претставници во Приштина, но и меѓународни претставници, посебно КФОР, Еулекс, Европската унија и УНМИК.

-Како во претходните децении да немаше доволно судири, страдања и патење, па Едита Тахири, каков парадокс, зборуваше на собир каде тема беше учество на жените во мировните процеси, повикува на судири, негирајќи можност за изнаоѓање компромисно, одржливо и мирно решение за проблемот на Косово и Метохија, се наведува во соопштението на Српска Листа.

Во соопштението уште се изразува надеж дека изјавата на Тахири ќе наиде на најширока можна осуда, но и дека Обвинителството во Косово ќе почне постапка против неа, бидејќи ги вознемирува граѓаните и поттикнува омраза. (МИА)