Дел од медиумите јавија дека со оклопни возила косовските специјалци се упатиле кон граничниот премиер бидејќи добиле информација оти моторџиите тргнале од централна Србија кон Косово, а портпаролот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељашани за „Танјуг“ изјави дека полицијата нема да им дозволи да влезат бидејќи не се најавиле претходно
Повеќе од 60 моторџии, членови на повеќе мото-здруженија од Србија, денеска попладне сакале да влезат во Косово преку граничниот премин „Јариње“, но биле спречени од косовските специјалци, јавија дел од српските медиуми.
РТС пренесува дека денеска тие тргнале во „хуманитарна Бајк-рок мисија за да им пружат поддршка и помош на Србите“.
Откако биле спречени да влезат, моторџиите првично најавиле дека поради одлуката на косовската полиција, тие ќе го блокираат „Јариње“ како реципрочна мерка, но по неколку часа се откажале.
Претходно, дел од медиумите јавија дека со оклопни возила косовските специјалци се упатиле кон граничниот премиер бидејќи добиле информација оти моторџиите тргнале од централна Србија кон Косово. Портпаролот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељашани за „Танјуг“ изјави дека полицијата нема да им дозволи да влезат бидејќи не се најавиле претходно.
Како што пренесува РТС, целта на моторџиите била да се врачи хуманитарна помош за две семејства од Косовска Митровица и за обнова на црква кај Звечан. Организаторот на мисијата, Милиќ Радевиќ изјавил дека оваа акција во која се пружа хуманитарна помош постои веќе 18 години.