четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Стано: Остануваме посветени на деескалација на северот на Косово

Стано: Остануваме посветени на деескалација на северот на Косово

Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, повтори дека ЕУ продолжува да работи на смирување на тензиите на Косово.

Стано истакна дека во наредниот период ЕУ со нејзините партнери ќе биде “целосно ангажирана“ во олеснувањето на деескалацијата посебно на северот на Косово за да се обезбеди слобода на движење за сите граѓани на Косово.

Портпаролот рече дека ЕУ е во постојан контакт со властите на терен и бара споровите да се решат во рамките на Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, кој го води високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, заедно со специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Петер Стано истакна дека крајната одлука лежи кај властите во Србија и Косово и дека на нив е да испорачаат смирување на тензиите и продолжување на дијалогот.  (МИА)