сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ТАТКО СЕ УДАВИ НА ХАЛКИДИКИ – се обидувал да си го спаси синот, но водата го проголтала

ТАТКО СЕ УДАВИ НА ХАЛКИДИКИ – се обидувал да си го спаси синот, но водата го проголтала

Татко се удави на познатата плажа „Лагониси“ на Халкидики, Грциј,а додека се обидувал да го спаси своето 8-годишно дете, кое ветерот го однел на отворено море.
Како што соопшти крајбрежната стража во 11.30 часот, 48-годишен маж бил извлечен од морето во бесвест.

Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот, кој бил на душек, а силниот ветер го однел на отворено море.

Момчето било спасено со чамец, а таткото не успеал да преживее.