петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тензии во Косовска Митровица: Протести и пукање поради апсењето на Марко Ѓуриќ (ВИДЕО)

И покрај тоа што имаше забрана за влез во Косово, Ѓуриќ пристигнал во северниот дел на Митровица, нагласуваат косовските медиуми, но притоа не се прецизира начинот на неговото влегување во Косово. Во овој момент полицијата го транспортира уапсениот Ѓуриќ кон Приштина.
Тензии во Косовска Митровица: Протести и пукање поради апсењето на Марко Ѓуриќ (ВИДЕО)

Косовската полиција во северниот дел на Митровица го уапсила раководителот на канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ. Веста за ова ја пренесе приштинскиот весник „Експрес“.

Апсењето според истиот извор го изавршила специјалната единица на полицијата во моментот на одржување на средбата околу внатрешната состоја во Косово.

И покрај тоа што имаше забрана за влез во Косово, Ѓуриќ пристигнал во северниот дел на Митровица, нагласуваат косовските медиуми, но притоа не се прецизира начинот на неговото влегување во Косово. Во овој момент полицијата го транспортира уапсениот Ѓуриќ кон Приштина.

Косовските медиуми пренесуваат дека состојбата во северниот дел е мошне тензична, бидејки има протести на српското население, a според најновите информации има и пукање.

Пладнево специјални полицајци на Косово се упатиле кон границата со Србија за да го спречат влегувањето на Ѓуриќ и неговите соработници во Косово, поради тоа што косовското МНР не им дало дозвола за влез и учество на средбата во северниот дел на Митровица, чија тема е внатрешната состојба на Косово. Претходно, во Приштина беше соопштено дека нема да се дозволи влез на неколку министри и преставници на Владата на Србија во Косово бидејќи тие немаат дозвола за тоа.