недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија ја стресе Србија: Бебе старо 10 дена почина од коронавирусот

Трагедија ја стресе Србија: Бебе старо 10 дена почина од коронавирусот

Едно бебе почина од инфекција со корона вирус на Детската клиника Тиршова во Белград, јавуваат српските медиуми.

– За жал, првото бебе кое беше хоспитализирано кај нас со само 10 дена старост почина минатата недела по речиси шест недели борба за живот, изјавила д-р Снежана Рсовац, од Детската клиника.

Таа додава дека на Клиникатасе сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

– Едномесечното бебе е на интензивна нега, вели таа, а другото бебе полека се опоравува иако долго време беше на респиратор.

Сите други деца на Детската клиника Тиршова, како што посочува д-р. Рсовац се во добра состојба, а намален е и бројот на приеми на заразени деца.