четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ТРАГЕДИЈА: Осум тинејџери се задушија со плин за новогодишната ноќ во БиХ

ТРАГЕДИЈА: Осум тинејџери се задушија со плин за новогодишната ноќ во БиХ

Осуммина млади луѓе се задушија синоќа со плин во близина на градот Посушје во БиХ.

– Вистина е. Осуммина млади лица настрадаа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон.

Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти – четири девојки и четири момчиња.

Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Весникот „Дневни Аваз“ пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње.