вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија во Босна: Две лица загинаа, едно тешко повредено при судир на два воза

Трагедија во Босна: Две лица загинаа, едно тешко повредено при судир на два воза

Две лица загинаа, а трето е сериозно повредено, при судар на два товарни воза во јужна Босна, информира локалната полиција.

Несреќата се случила изутринава на железничката станица во Јабланица.

Босански медиуми соопштуваат дека четвртиот човек останал неповреден, откако скокнал од еден од возовите неколку секунди пред судирот. Фотографиите покажуваат дека двата воза излетале од шините за време на несреќата. Се испитува причината за железничката несреќа.

(Миа)