понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија во Рипањ: Татко и син пронајдени мртви во семејната куќа во Белград

Трагедија во Рипањ: Татко и син пронајдени мртви во семејната куќа во Белград

Безживотното тело на Милан М.(96) било пронајдено во семејната куќа во Рипањ, a на само 100 метри зад куќата, на ливада, половина час подоцна било пронајдено безживотното тело на неговиот син Момчило М.(48), кој, според првите информации, се самоубил со пиштол.

Според неофицијални информации, на телото на Милан М. нема траги од насилна смрт, а се претпоставува дека починал од природна смрт.

И во двата случаи ќе биде извршена обдукција, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува Нова.рс.