недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тројца бугарски министри поднесоа оставка

Тројца бугарски министри поднесоа оставка

Тројца министри од бугарската Влада поднесоа оставка по автобуската несреќа во која загинаа 17 луѓе, а неколкумина се повредени.

Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика министерот за внатрешни работи, за сообраќај и за регионален развој – Валентин Радев, Ивајло Московски и Николај Наков да поднесат оставки и да преземат политичка одговорност.

Оставките на тројцата министри кои ги именуваше партијата на Борисов, ГЕРБ, треба да ги потврди Парламентот.

Несреќата се случи пред една недела, кога се преврти автобус и излета од автопатот, на околу 50 километри северно од Софија.

На местото на несреќата загинаа 13 лица, а четворица починаа во болница.

Причината за несреќата се уште се испитува.