Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска соопшти дека сите планирани гласачки центри за изборите за градоначалници на општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и за советници во општинските собранија во Лепосавиќ и Звечан.
ЦИК на првата прес-конференција соопшти дека моменталната состојба е мирна и дека се се одвива според планот, додека мал број граѓани, особено во подрачјата населени со Албанци, изутрината излегоа да го остварат своето избирачко право.
Гласањето се одвива во шест постојани избирачки центри и 13 алтернативни во контејнери.
Косовската полиција исто така е блиску до овие центри, особено до алтернативните и внимателно ја следи ситуацијата.
Според податоците на ЦИК, на изборите за градоначалници на општините на северот на Косово право на глас имаат 45.095 гласачи, а во општините Лепосавиќ и Звечан каде се гласа за советници право на глас имаат 20.314 гласачи.
Изборите ги следат 357 набљудувачи, од кои претставници на 31 организација, кои ќе ги следат и процедурите по затворањето на избирачките места.
Акредитираните набљудувачи претставуваат политички субјекти, медиуми, невладини организации и странски претставништва лоцирани во Косово.
Има 75 набљудувачи од политички субјекти, 109 од невладини организации, а двајца набљудувачи ги претставуваат амбасадите.
За следење на изборите беа акредитирани и 170 претставници на домашни и меѓународни медиуми.
Избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот.