понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Турковиќ: Препораката за кандидатски статус е историска за Босна и Херцеговина

Турковиќ: Препораката за кандидатски статус е историска за Босна и Херцеговина

Одлуката на Европската комисија да му препорача на Советот на Европската Унија, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус е добредојдена и историска за нашата држава и за граѓаните, оцени министерката за надворешни работи на земјата, Бисера Турковиќ.

„Ова е силна порака за граѓаните на Босна и Херцеговина, на што се надевавме и претходно, дека нашата иднина е внатре во европското семејство“, истакна Турковиќ на Фејсбук.

Таа ги поздрави напорите на земјите членки на ЕУ за на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус, со што би се поттикнале реформи и исполнување неопходни услови пред отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Турковиќ смета дека оживувањето на овој процес е од витално значење за граѓаните и за државата, како и за стабилизацијата на целиот регион.