вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсени двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово

Уапсени двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово

Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција уапси денеска двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово, осомничени за злоупотреба на службената должност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повикувајќи се на извори во полицијата, неколку косовски медиуми објавија дека се работи за поранешниот директор на маркетинг на државниот телеком, Трим Муслиу и екс-директорот за финансии, Арменд Осај, кои се сомничат за злоупотреби при склучување маркетиншки договори со одредени фирми.

Според „Газета експрес“, заради фалсификување документи за истиот случај, уапсени се уште најмалку две лица – братот на Муслиу, со иницијали К.М., и лицето Д.С., кое, како што наведува порталот, е од турска националност.

Извори од косовската полиција информираат дека акцијата започната претпладнево продолжува и не се исклучени нови апсења. (МИА)