Уште еден случај со силување го тресе Косово. Во полиција е пријавен случај на сексуално насилство над малолетничка.
Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадиљ Гаши потврди дека е пријавено дека полнолетен маж силувал девојче, во општината Исток, пренесоа приштинските медиуми.
„Инцидентот се случил на 9 август, но жртвата не го пријавила случајот веднаш поради страв. Инспекторите работат на случајот и на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа“, изјави Гаши.
Пред 10 дена е пријавен случај на силување на 11-годишно девојче во Приштина. Неколку мажи со часови го силувале девојчето. Ова поттикна протести во Косово и Албанија. Потоа медиумите јавија за случај на силување во Гњилане. Во првите седум месеци годинава се пријавени 41 случај на силување, објави ковово-онлајн.