вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во катастрофалните пожари во Атика

Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во катастрофалните пожари во Атика

По повеќе од еден месец по катастрофалните пожари во западниот дел на областа Атика, дополнително се зголеми бројот на жртвите и изнесува 98 лица, откако 83-годишна жена им подлегна на повредите во една атинска болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека до овој момент, бројот на идентификувани загинати лица изнесува 83, а од хоспитализираните во болниците во Атика, на повредите им подлегнале 15 лица.

 

(МИА)